Радев: Нападот на клубот во Охрид е апсолутно неприфатлив чин
Претседателот на Бугарија Румен Радев го окарактеризира нападот врз клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид како апсолутно неприфатлив чин на агресија, која, вели, со децении се гаи во Северна Македонија против Бугарија и против Бугарите, јави дописникот на МИА од Софија.
Според Радев, државниот врв на Република Северна Македонија и општеството треба да разберат дека патот кон ЕУ минува низ признавањето и почитувањето на правата на македонските Бугари, на бугарското културно и историско наследство.
Ова, според Радев, е начинот на кој граѓаните на Република Северна Македонија ќе тргнат по патот по кој многупати изразиле дека сакаат да чекорат – со почит кон заедничката историја и заеднички длабоки историски корени.
Тој рече дека кога имало огромен притисок врз Бугарија безусловно да и дозволи на Република Северна Македонија да започне преговори за членство во Европската унија, тогаш тој двапати наметнал вето и го покренал прашањето пред бугарските сојузници и партнери во Европската унија за правата на македонските Бугари.
Радев, во изјавата по отворањето на фабриката за автоделови во Враца, повторно порача дека нивните права прво треба да се гарантираат со внесување во Уставот на Република Северна Македонија и дури потоа да се отвори патот за преговорите.
Тој потсети дека овој став до последно го бранеле тој и бугарската дипломатија и додаде дека тогаш биле далекувиди.
Ново на Сител
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите