Радиоактивните печурки откриени во Франција биле увезени од Белорусија

Печурките во кои беа откриени траги од радиоактивен цезиум, во Франција биле увезени од Белорусија, а не од Русија, соопшти вечерва претставник на францускиот Институт за заштита од радиоактивност и нуклеарна безбедност (ИРСН).
Претходно денеска, како што јави МИА, директорот на француската Агенција за нуклеарна безбедност, Пјер Франк Шеве соопшти дека во печурки „што во Франција биле увезени од Русија“ се откриени траги од радиоактивен цезиум.
- Најновата информација што ја имам е дека траги од цезиум веројатно се откриени во печурки увезени од Русија, изјави Шеве на сослушување во францускиот Сенат посветено на нуклеарната безбедност.
Меѓутоа, според ИРСН, станува збор за 3,5 тони печурки, што во Франција пристигнале од Белорусија преку Франкфурт, кај кои при царинската контрола е откриено присуство на цезум 137.
Станува збор за радиоизотоп кој настанува како отпад при работата на нуклеарни рекатори.
Портапролот на Институтот истакна дека печурките немаат врска со радиоактивното загадување со рутениум 106, што беше регистрирано во текот на октомври во поголемиот дел на Европа.
- Бидејќи печурките потекнуваат од Белорусија, најверојатно тие се контаминирани со радиоактивност од Чернобил, изјави портпаролот на ИРСН.
Ново на Сител
-

Трамп ги предупреди Кина и Русија да не се мешаат во војната во Иран
-

Маск: Вештачката интелигенција за пет години ќе ја надмине човечката
-

Клековски на средба со претставници на матични лекари и на „Мој Темин“: Заедно за побрзи и поефикасни термини
-

Трамп и Зеленски ќе се сретнат во вторник во Вашингтон
-

АХВ: Ја разбираме загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги отфрламе тврдењата дека не реагираме навремено во однос на сипаниците кај малите преживари
-

На Пелистер падна снег
-

Ѓорѓиевски: За брзo врeмe ќe бидe oткриeн причинителoт за влевање на непознатата материја oд Лeпeнeц вo Вардaр
-

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
