Ракетата на Илон Маск успешно лансирана од Флорида
Ракетата на Илон Маск со двајца американски астронаути во посадата успешно е лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, означувајќи почеток на нова ера во патувањата во вселената.
Изградена од „Спејс-Екс“, првпат во историјата една приватна компанија испрати ракета со човечки екипаж во вселената. Во новата капсула „дрегон“ се наоѓаат едни од најискусните американски астронаути Даг Харли и Боб Бенкен, кои ќе поминат неколку недели на Меѓународната вселенска станица. Се очекува летот да трае 19 часови.
„Апсолутна чест е да се биде дел од овој огромен напор. Ќе зборуваме повторно од вселената“, изјави Харли непосредно пред лансирањето, прво од американска почва од 2011 година.
Историскиот лет оригинално требаше да се случи во средата, но беше откажан на 17 минути пред лансирањето поради лошо време.
Маск се надева дека ова е почетокот на комерцијалните летови и на „такси“ превозот во ниската орбита на Земјата.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи