Ракетен напад врз камп во ирански дисиденти во Ирак

Поранешната воена база покрај меѓународниот аеродром во Багдад, во која се сместени ирански дисиденти беше цел на ракетен напад доцна синоќа, во кој беа убиени тројца ирачки војници.
Иранските дисиденти тврдат дека најмалку 20 од нивните луѓе загинале во нападот.
Ирачката полиција соопшти дека врз кампот Кемп Либерти биле истрелани 16 ракети.
Најмалку 16 војници се ранети, а има и десетици ранети меѓу Иранците, додаде полицијата.
Во поранешната американска база се сместени претставници на иранската опозициска организација Муџахидин халк (народни муџахидини на Иран).
Засега никој не ја презел одговорноста за нападот.
САД ја повикаа ирачката Влада да ја зголеми безбедноста во кампот на ирачките дисиденти, се наведува во изјавата на американскиот државен секретар Џон Кери.
Кери ги повика ирачките власти да ги пронајдат одговорните за нападот.
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
