Рама: Целосна интеграција на Балканот во НАТО е стратешка инвестиција
Целосната интеграција на Балканот во НАТО ќе биде стратешка и витална инвестиција, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама на пролетната 62. седница на Парламентарното собрание на Алијансата, која прв пат се одржува во Тирана, јави АТА.
- Тоа воедно би бил и најочигледниот одговор како на геополитичките амбиции на другите актери во регионот, така и на ризиците и континуираните закани, кои пристигнуваат од Блискиот Исток и Северна Африка, нагласи тој.
Оценувајќи дека членството на Албанија во НАТО го поставило темелот за иднината на земјата, Рама изјави дека Тирана го поддржува членството на Македонија и Црна Гора во Алијансата.
Според него, Македонија има шанса да ја проектира својата иднина не само врз основа на „архаичните формули на етничка, верска или културна аритметика“, туку и врз основа на слободата и напредокот.
- Замрзнувањето на процесот на интерно помирување и на евроатлантската интеграција само ја зголемува потребата од посилна поддршка на Македонија од страна на НАТО и ЕУ, рече Рама.
Говорејќи за Косово Рама изрази уверување дека интеграцијата на Косово е императив за целото евроатлантско семејство.
- Доколку Босна и Херцеговина и Македонија треба да ја претворат својата етничка и верска разноликост во мотор на евроатлантските интеграции, Косово мора да ја трансформира својата хомогеност во фактор на евроатлантска интеграција, додаде тој.
Според него, одговорноста за интеграција на Косово не може да се бара само однадвор, туку треба да ја сносат и политичкото раководство, институциите и општеството на Косово.
Претседателот на ПС на НАТО Мајкл Тарнер меѓу останатото го потенцираше значењето на овој состанок за разбирање на улогата на НАТО во овој дел на Европа.
- На Западен Балкан успеавме да ставиме крај на насилството и да замислиме и понудиме поинаква иднина на регионот. Наместо војна и раздвојување понудивме мир и помирување, додаде тој.
Тарнер изрази задоволство поради тоа што Црна Гора неодамна доби покана за члество во НАТО, а финалните преговори се очекува да завршат до Самитот во Варшава во јули 2016 година.
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска Давкова помилуваше пет лица
-
Тошковски: Исплатена бонус плата за 2023 година, право кое го оствариле 5.635 вработени во МВР
-
Средба на Сиљановска Давкова со Вучиќ на Илинден во Св.Прохор Пчињски
-
Муртези: Прашањето за формирање на албанска академија е чувствително, но „Вреди“ нема да ги прилагодува програмските заложби заради личен комфор во Владата
-
За празникот сончево и многу топло, до 40 степени, попладне краткотрајно невреме
-
АХВ: Потенцијално небезбедните коцки за супа не се пуштени во промет, спроведен е вонреден инспекциски надзор
-
Јавното обвинителство на увид во Институтот за јавно здравје, се испитува дали има обележја на кривично дело
-
Управните служби и утре ќе ги издаваат готовите лични документи на граѓаните