Рама и Баша не постигнаа договор за надминување на политичката криза

Лидерот на владејачките социјалисти и актуелен албански премиер Еди Рама и првиот човек на најголемата опозициска сила во Албанија, Демократската партија (ПД), Љуљзим Баша по синоќешната двочасовна средба во претседателската резиденција во Тирана, не постигнаа договор за надминување на политичката криза во земјата.
Како што јави дописникот на МИА, по средбата Рама изјави дека на Баша му го дал истиот предлог, кој, како што рече, бил идентичен со понудата од претходниот ден.
- Се наоѓаме во истата позиција како и пред еден ден. Предлогот што јас и го дадов на ПД е познатат: да се формира механизам за мониторирање на изборите, каде демократите ќе ги имаат двете очи во процесот со еден вицепремиер и тројца заменци министри во министрствата за внатрешни работи, правда и образование, изјави Рама.
Тој нагласи дека според предлогот овие кандидати треба да бидат предложени од ПД, но да не се нејзини членови.
- Исто така, заедно со тројцата претставаници на САД, ОБСЕ и ЕУ да раководат група која ќе контролира дека државата и државните пари нема да се злопотребуваат за изборна кампања, додаде Рама.
Баша, од своја страна, изјави дека не е постигнат договор, затоа што предлозите на Рама за излез од кризата се технички а не политички, што е барање на опозицијата.
- Понудените предлози не нудат политичко решение. Она што денеска го предложи (Рама) е еден технички мониторинг, а не политичко решение, како што бараме. Земјата има потреба од политичко решение. Понуденото не е политичко решение, оцени Баша.
Лидерот на демократите додаде дека предлогот на опозицијата опфаќа две клучни работи.
- Нашиот предлог е јасен и е од две работи. Прво, техника влада со мандат да го реши и елиминира криминалот со дрога и второ во рок од шест месеци да се организира електронско гласање и пребројување, посочи Баша.
Како што објави електронското издание на веснкот „Панорама“, по средбата, Рама во за него веќе препознатлив стил, излегувајќи од претседателската резиденција и минувајќи крај шаторот во кој од 18 февруари протестира опозицијата, подигнал да прста и ги поздравил присутните.
- Чувствувајќи се испровоцирани, присутните демонстранти почнаа да извикуваат „оди си арамијо“, како и дрги погрдни зборови, по што Рама со забрзани чекори влезе во објектот на Владата, наведува „Панорама“.
Ново на Сител
-

Апокалиптични сцени во Непал: Стотици исчезнати и десетици загинати по катастрофални поплави
-

Во вториот квартал од годинава за 1,5 отсто намален бројот на невработени лица
-

ЕК објави распоред на летното и зимското сметање на времето за следните пет години
-

Ужас во Прилеп: 48-годишник во повеќе наврати ја силувал малолетната поќерка
-

Рустемовски со бронза се враќа во Македонија, по израмнета борба остана без финале
-

Клековски: На Инфективната клиника хоспитализирани 21 лице со западнонилска треска
-

Речиси 500 мигранти за два дена биле откриени во близина на грчкиот остров Крит
-

УХМР: Утре портокалова фаза во делови од земјата
