Рама: Нов кибернапад од Иран, сега врз TIMS системот
![]()
Нов кибернапад од Иран, сличен на оној на владините служби на 15 јули, овој пат на TIMS системот на граничните премини во Албанија.
Веста ја соопшти премиерот Еди Рама, кој на објава на Твитер напиша дека нападот го извршиле истите агресори.
Топ чанел дознава дека нападот го снимиле полициски специјалци синоќа околу 22:00 часот.
Кибернападот бил регистриран во 22 часот синоќа, по што системот бил исклучен за да не им се даде можност на хакерите да напредуваат, во преземањето на контролата врз овој систем, најважниот за албанската полиција.
По кибернападите кои вон функција три недели ги остави владините сервиси а за кои премиерот Рама рече дека е потврдено оти се извршени од Иран, албанската влада на 7 месецов одлучи да ги прекине дипломатските односи со Иран. Ваквата одлука Иран ја оцени како „неоснована и непромислена, донесена под влијание на трети земји“.
Ново на Сител
-

Без вода утре корисници спроти „Соборниот храм“ во Скопје
-

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила
-

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
