Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот

Се уште не може да се каже конкретно дали воениот конфликт меѓу Израел и Иран ќе предизвика ценовен шок, рече денеска претседателката на Центарот за микро, мали и средни претпријатија во Комората Габриела Кулебанова.
Во однос на новите мерки што ги најави премиерот, Кулебанова го повтори ставот на бизнисот, дека треба да се почитуваат пазарните услови на работење.
-Имаме последователни кризи. Војните траат, но во моментов за ценовен шок не можеме конкретно да кажеме, ќе почекаме зашто ова е на почеток. Ние сме мала економија, сите глобални, светски потреси и случувања се рефлектираат кај нас. Во однос на мерките што ги најави премиерот, немаме ништо конкретно. Ние секогаш како бизнис сектор се стремиме да имаме помалку влијание и ингеренции на државните интитуции, истакна Кулебанова, одговорајќи на новинарски прашања пред презентацијата на дигиталната платформа за ММСП, „ONE STOP DIGITAL“ за микро, мали и средни препријатија.
Во врска со алатката, Кулебанова објасни дека се работи за платформа која ќе биде пренесена како апликација на мобилните уртеди и преку неа компаниите за кои е наменета ќе може да ги добиваат сите информации што им се потребни, но воедно и да даваат предлози, сугестии и да поставуваат прашања.
-Ова е многу значајна алатка за овој тип компании. Преку неа ќе комуницираме и ќе ги информираме нашите членки на брз, едноставен и лесен начин за законските измени, на пример, и за се останато што е од нивен интерес. Исто така, со оглед дека комуникацијата ќе биде двострана, тие ќе имаат можност да ги предочат нивните секојдневни потреби и предизвици со кои се соочуваат. Микро, малите и средни претпријатија се клучни за брзиот раст и развој на економијата, тие ги даваат идеите за иновативни решенија и нивната поддршка е многу битна, рече претседателката на Центарот.
Дигиталната платформа со мобилна апликација е изработена со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во насока продолжување на економската транзиција на одржливи мали и средни претпријатија и развивање одржлива инфраструктура на деловни советодавни услуги.
Ново на Сител
-

Лажна била дојавата за бомба во „City Mall“
-

Арагчи: Останува да се види дали САД се сериозни во дипломатијата
-

Закана за бомба во City Mall – дојавата пристигнала на мејл на МВР | ФОТО
-

Гаши: Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел
-

Трамп ненадејно го откажа испраќањето претставници во Пакистан
-

Најголем дел од законите поднесени од Владата одат во редовна постапка, останува примерот да го следат и пратениците
-

Мицкоски на средба со Македонци кои живеат во Србија
-

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против три лица од Дојран, меѓу кои и поранешниот градоначалник
