Рашфорд се враќа во тимот на Манчестер Јунајтед за дуелот со Арсенал
Напаѓачот Маркус Рашфорд е достапен за избор за неделното гостување кај Арсенал во третото коло од ФА Купот. Ова го изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим на својата традиционална прес-конференција.
Рашфорд (27) по одлука на Аморим пропушти четири последователни натпревари, потоа беше неискористена замена на мечот против Њукасл на 30 декември, а поради болест не играше во ремито 2-2 со Ливерпул минатиот викенд.
Рашфорд има 426 настапи за Манчестер Јунајтед и 138 гола од неговото деби во 2016 година. Со „црвените ѓаволи“ два пати го освои ФА Купот.
-Рашфорд и Коби Мајно се на располагање за натпреварот. Тренираа во текот на неделата и ќе видиме што ќе одлучиме за натпреварот. Во последните години тимот освои неколку купови и сакаме да продолжиме во оваа насока. Свесни сме дека во оваа фаза ни претстои многу тешка пречка, но сакаме да победиме, изјави Аморим.
Тој откри дека турскиот голман Алтај Бајандир ќе стартува против Арсенал и ќе го замени Андре Онана на голот.
- Генерално не го ротирам тимот заради ротација. Не сакам да го правам тоа. Се трудам да ги најдам најдобрите решенија за секој натпревар. Обично одам по најсвежите играчи. Сепак, ситуацијата со голманската позицијата е различна и затоа Алтај ќе игра во недела, објасни Аморим.
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотна казна за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник