Рашковски: Не планирам да дадам оставка

Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски денеска на прес-конференција во Владата рече дека не планира да си поднесе оставка од функцијата по случајот за М-НАВ кој беше обелоденет по објавена снимка во која се слуша неговиот глас и на уште двајца државни функционери, за наводно местење тендер за италијанска фирма.
– Ова е верзија на разговорот. Кога ќе стигне официјална пресуда од страна на судските органи, во кривичната постапка тогаш да седнеме и повторно да разговараме, рече Рашковски, одговарајќи на новинарско прашање дали има намера да поднесе оставка по објавениот разговор.
Изнесувајќи детали од случајот со набавката на АТМ системот за контролата за летање финансиран од страна на Европската банка за обнова и развој, Рашковски информира дека договорот за избор на италијанската фирма е направен уште во 2017 година од страна на Живко Поповски, татко на поранешниот министер за надворешни работи Никола Поповски.
Рашковски информира дека е разрешен поранешниот директор на техника во М-НАВ Климент Чепуњовски поради одредени пропусти во работењето и загрозување на безбедноста на македонското небо.
– Причината поради која е сменет Климент е дека постоеле одредени пропусти, но јавноста може да биде смирена бидејќи сите тие пропусти се надминати, истакна Рашковски.
Ново на Сител
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
