Расказот „Базен“ на Томислав Османли преведен на ладино

Расказот „Базен“ на Томислав Османли во превод на ладино е објавен електронски во најновиот број на неделното електронско списание „eSefarad” - популарен интернационален електронски медиум за афирмација на сефардската култура со уредништво во Аргентина.
Расказот е објавен и во октомврискиот број на електронскиот блог „Sefaradimuestro“, авторски уредуван блог на Шапоре Бланко, истакната преведувачка од повеќе европски јазици на ладино која живее и работи во Истанбул. Бланко досега превела неколку раскази и новели од нашиот автор на овој особен јазик.
Ладино или јудео-шпански е јазикот на сефардските Евреи, население кое по прогонот од Шпанија и Португалија кон крајот на 15 век и сѐ до холокаустот во Втората светска војна, населувало поголем број градови на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија, како и повеќе градови на Блискиот Исток.
Расказот „Базен“ кој деновиве е објавен во двата електронски медиума, е психолошка повест раскажана од аспект на злосторникот во ликот на Константин З., еден од предводниците на депортацијата на македонските Евреи во 1943 година, при што клучно и книжевно особено место на дејството е тогаш изградениот базен на бањата Кежовица во Штип.
„Базен“ е расказ од прозната збирка „Светилка за Ханука“ на Османли. Пред пет години, во превод на англиски расказот беше објавен во списанието „Лос Муестрос“ во Брисел.
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
