Распишан конкурс за годишната награда „Ладислав Баришиќ“

Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија распишува конкурс за истражувачки проект од областа на ликовната критика во Македонија. Конкурсот е отворен од денеска до 1 јуни 2017 година.
- Недостигот од пишана критика и потребата од афирмација на критичко делување во контекст на современата уметност е основниот поттик за овој конкурс. Конкурсот е отворен за проекти кои ликовната критика ќе ја препознаат како практична дисциплина која теориски ја интерпретира тековната уметничка продукција и иницира нејзината артикулација во контекст на современите уметнички продукции, соопшти АИКА.
Право за учество имаат сите историчари на уметноста, критичари, теоретичари, интердисциплинарни истражувачи и други профили на креативни автори поврзани со ликовните и визуелните уметности во Македонија (освен членовите на УО на АИКА Македонија). Кандидатите треба да се државјани на Република Македонија или пак странски државјани кои живеат и работат на територијата на Република Македонија повеќе од една година.
Кандидатите треба да достават опис на предложениот проект и методологија на неговата реализација (не повеќе од 1.500 збора) и биографија на кандидатот (или доколку станува збор за група истражувачи на сите поединечни членови на истражувањето). Наградениот проект треба да биде изработен до крајот на ноември 2017, пред годишниот симпозиум на АИКА Македонија каде ќе биде претставена наградената реализација.
Резултатите од проектот и истражувањето ќе бидат објавени на веб порталот на АИКА Македонија. Материјалите треба да се испратат на contact@aica-macedonia.org.
Добитникот на наградата ќе биде известен најдоцна до 15 јуни 2017 година. Ќе биде доделена награда во висина од 30.000 денари во бруто износ, за која ќе одлучува тричлено стручно жири.
Наградата го носи името на Ладислав Баришиќ (1941-1991), ликовен критичар и историчар на уметност, кој во рамки на ликовната публицистика бил активен во периодот од 1972 до 1986 година.
Ново на Сител
-

Путин: Русија ќе одговори на украинскиот напад врз интернатот во Старобелск
-

Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори
-

Конференција: Жените и понатаму се одговорни за најголемиот дел од неплатените обврски за грижа, што го ограничува нивното учество на пазарот на труд
-

Сали од Брисел: Силна посветеност за унапредување на македонската евроинтеграција и спроведување на клучните реформи
-

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
-

Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза
-

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи
