Распишан тендер за изградба на патот Кочани-Делчево

Распишан е тендер за изградба на патот Кочани-Делчево, во должина од 30 километри. Во изградбата на патот ќе бидат вложени 10 милиони евра, а градежните работи ќе почнат кон крајот на годината, информира министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при денешната посета на Кочани.
Мисајловски и директорот на Агенцијата за државни патишта Александар Стојановски извршија увид на градежните работи и на асфалтирањето на клучката на влезот во Кочани од Подлошка раскрсница до хотел „Национал“ во градот.
Министерот Мисајловски истакна дека во првата половина на следната година ќе започне изградбата на патните делници од Штип до Радовиш и од Штип до Кочани. - До крајот на годината очекувам да заврши постапката за распишување на тендерот за градба и во првата половина од 2016 година ќе започнеме со градба, рече министерот Мисајловски и додаде оти се гради и делницата Велес-Кадрифаково, автопатот Миладиновци - Штип.
Во тек се и активности за обнова и асфалтирање на делницата од влезот во Кочани во должина од 1.200 метри во вкупна вредност од 8,5 милиони денари. Работите ги изведува „Македонија пат“.
Градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски за наредната година најави реконструкција и асфалтирање на патниот правец од Кочани до Пониква.
Одговарајќи на новинарско прашање Стојановски информира дека во кочанско-виничкиот регион целосно се осветлени клучките кај Оризари и за влез во Виница од магистралниот пат Кочани- Делчево.
- Останува да се осветлки клучката кај Кочани кон Зрновци. Договорот е потпишан со изведувачот и очекуваме да се пристапи кон осветлување и на оваа клучка, рече Стојановски.
Ново на Сител
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
