Распишани повици за чартер летови за враќање македонски граѓани од Малта и Хрватска
Владата денеска објави јавни повици за организирање авионски превоз за македонски граѓани со моментален престој во странство за враќање во земјава од Малта и од Хрватска. Повикот е отворен до вечер до 22 часот, а летовите треба да се организираат најдоцна до петок 12 часот напладне.
Право на учество има секоја авио компанија или туристичка агенција која ќе организира чартер летови од градовите во Европа до земјава. Критериум за избор на најповолен понудувач е најниска цена. Генералниот секретаријат ќе склучи договор и ќе изврши плаќање на избраната најповолна понуда врз основа на дадениот критериум за избор, се вели во соопштението од Владата.
Понудите треба да се достават електронски, заверени, потпишани од страна на одговорно лице и во скенирана форма на следната е-маил адреса: gs@gs.gov.mk. Јавниот повик ќе трае 12 часа од моментот на неговото објавување на веб страната на Владата, односно понудите треба да се достават најдоцна до вечер до 22:00 часот. Понудите кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.
-Лицата кои ќе се пријават на повикот, при влез во авионот ќе потпишат договор помеѓу нив и Владата на Република Северна Македонија во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување на територија на Република Северна Македонија да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена. Лицата ќе бидат преземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин. Лицата кои ќе патуваат имаат рок од 15 дена од денот на пристигнувањето да извршат уплата на сумата за авиобилетите согласно склучениот договор, информира владината прес-служба.
Враќањето на средствата треба да го извршат на образец ПП-50 во кој треба да ги внесат следните податоци:
Назив на примач:
Буџет на Република Северна Македонија
Транс.сметка 100 000000063095
Сметка на корисник 630010001963019
Приходно конто 725939 00
Во цел на дознака: Враќање средства на сметка 040010007863713, расходно конто 420220 потпрограма 10.
Договорот помеѓу патниците и Владата на Република Северна Македонија, во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија има својство на извршна исправа и може да биде предмет на извршување во случај на неисполнување на обврската од договорната страна.
За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат на телефон 02/3118-022.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп