Расправа за доказите и докажувањето во кривичната постапка

Здружението за кривично право и криминологија на Македонија во соработка со Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ и Амбасадата на САД во Република Македонија денеска ќе одржат научна и стручна расправа на тема „Отворени прашања со доказите и докажувањето во кривичната постапка“.
Дебатата е насочена кон неколку точки кои се издвојуваат според сериозноста и комплексноста, а меѓу нив се статусот на заштитените сведоци, посебните истражни мерки, односот меѓу класифицираните информации и недозволените докази...
На научната расправа ќе учествуваат меѓународни и домашни практичари и експерти, кои ќе идентификуваат примери на добри практики. По препораките и заклучоците од расправата, надлежните организации ќе подготват извештај којшто ќе ги содржи резултатите и тие ќе бидат објавени во посебен тематски број на Македонската ревија за казнено право и криминологија – официјалниот зборник на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија.
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
