Раст на индустријата во првите три месеци од 5,2 проценти
Индустриското производство во првите три месеци од годинава бележи раст од 5,2 проценти во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика.
Индустриското производство, пак, во март годинава во однос на март лани бележи зголемување од 4,6 проценти.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2018 година, во однос на март 2017 година, бележи опаѓање од 5,4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,6 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 33,1 отсто.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во производството на тутунски производи, на облека, на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, на фабрикувани метални производи, освен машини и уреди, на електрична опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во март 2018 година, во однос на март 2017 година, бележи пораст кај Енергијата за 26,2 отсто, Капитални производи за 13,5 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 35,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8,1 отсто.
Ново на Сител
-

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
-

Македонија првпат добива нови електрични еколошки автобуси
-

Дејан Јованов излегува од притвор
-

По скандалот со Македониумот, директорот на Историскиот музеј во Крушево поднесе оставка
-

Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирање
-

A1 Групацијата го забрзува ICT растот: Вештачката интелегенција и Cloud во центарот на дигиталната трансформација
-

Пожар во стан во Скопје, 11-годишно девојче пренесено во болница
-

Силувал малолетничка, ја демнел и барал експлицитни фотографии од неа - приведен 17-годишен скопјанец
