Раст на индустриското производство за 4,6 отсто во септември и 5,4 во првите девет месеци
Индустриското производство во септември годинава, во однос на септември лани бележи раст од 4,6 отсто, додека за периодот јануари - септември 2016 година, во однос на јануари - септември 2015 година, растот изнесува 5,4 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, бележи пораст од 0,3 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4,7 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 21,5 проценти.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 6,2 отсто%, Капитални производи за 26,7 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 72,4 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,0 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,3 проценти.
Ново на Сител
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања
-
Барањето за разрешување на Коцевски се уште не е стигнато во Советот на јавни обвинители
-
УЈП со нова услуга - Уверение за остварен доход ќе се вади електронски
-
Градот Штип, нов мост за соработка помеѓу Македонија и Велика Британија
-
30 лица чекаат трансплантација на орган
-
Преглед на вестите од светот
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција