Раст на инфлацијата во ЕУ во мај 2024 на месечно ниво
Годишната стапка на инфлација во Еврозоната минатиот месец изнесуваше 2,6 отсто, што претставува раст за 0,2 процентни поени во однос во однос на априлските 2,4 проценти, додека на ниво на цела ЕУ таа достигна 2,7 отсто или за 0,1 процентен поен повеќе во однос на април 2024 кога изнесуваше 2,6 проценти, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, лани во мај стапката на инфлација во Еврозоната изнесуваше 6,1 отсто, а во цела ЕУ – 7,1 проценти.

Највисока годишна стапка на инфлацијата во мај годинава е регистрирана во Романија од 5,8 отсто, пред Белгија од 4,9 и Хрватска од 4,3 проценти.
Од друга страна во Летонија мајската стапка на инфлација била нула проценти, по што следуваат Финска со 0,4 и Италија со 0,8 отсто.

Во споредба со април годинава, мајската стапка на инфлација на годишно ниво е намалена во 11 земји од ЕУ, таа остана непроменета во две, а е зголемена во 14 членки на Унијата.
Најголемо влијание на растот на годишната стапка на инфлација во мај имаа услугите кои поскапеа за 1,83 процентни поени, пред храната, алкохолот и тутунот чии цени се зголемија за 0,51 процентни поени и неенергетските индустриски стоки и енергијата, за кои трошоците пораснале за 0,18, односно 0,04 процентни поени.
Ново на Сител
-
Како земјите ширум светот ја одбележуваат смртта на Папата
-
Мицкоски: Папата Франциск беше глас на совеста во време на глобални предизвици
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе ги спроведува дигиталните правила без оглед на тоа кој е сопственик на компаниите
-
Допис на епископот Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
Папата Франциско ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан
-
Писмо од скопскиот бискуп Киро Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
-
Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати