Раст на странските туристи во Албанија за 9,9 отсто во првите шест месеци од годината

Во првата половина од годината, споредено со истот период лани, во Албанија на одмор или еднодневен престој прстигнале 1.759.294 странски туристи, што претставува раст од 9,9 отсто, споредено со истот период лани.
Само во месец јуни, кога почнува летната туристичка сезона, во Албанија престојувале 437.820 туристи, што претставува раст од 13,9 отсто, споредено со јуни минатата година.
Според Институтот за статистика, во уни најбројни биле странските туристи од Косово, со 31 процент, потоа од Македонија со 12,1 процент, Грција 9,2 и Италија 7,5 проценти.
„Косовските граѓани и натаму го заземаат првото место меѓу странските туристи кои албанското крајбрежје го избираат за летниот одмор. Што се однесува до бројот на странски туристи кои влегле во Албанија заради бизнис тој бележи раст од 12,6 проценти“,потврдуваат од Институтот.
Според истиот извор, и бројот на албанските граѓани кои патуваат надвор од земјата бележи зголемување.
Во периодот јануари-јуни,надвор од Албанија патувале 2.263.581 албански граѓани, што е за 3,7 отсто повеќе споредено со истиот период лани. Во јуни надвор од земјата отпатувале 381.246 албански граѓани, што претставува раст од 2,9 отсто споредено со јуни мината година.
Ново на Сител
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
