Растат загубите на Манчестер јунајтед и покрај рекордниот годишен приход
Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед денеска пријави загуба од 113,2 милиони фунти за фискалната година што заврши на 30 јуни, и покрај рекордните приходи од 661,8 милиони фунти
Клубот од Премиер лигата, кој оваа година делумно беше купен од британскиот милијардер Џим Ретклиф, наведе дека бројките делумно се должат на зголемените трошоци за играчи.
Правилата за профит и одржливост на Премиер лигата им дозволуваат на клубовите да загубат најмногу 105 милиони фунти во период од три години или да се соочат со парични казни. Минатата сезона им беа одземени бодови на Евертон и Нотингем Форест поради прекршување на тие правила.
И покрај загубите, Јунајтед соопшти дека останува во согласност со финансиските правила на Премиер лигата и Европската фудбалска унија (УЕФА).
Во 2022/2023 Манчестер Јунајтед имаше загуби од 28,7 милиони фунти, во 2021/2022 – 115,5 милиони, а во 2020/2021 – 92,2 милиони фунти.
Клубот исто така соопшти дека очекува да генерира меѓу 650 и 670 милиони фунти приход следната година, по рекордните 661,8 милиони фунти оваа година, додека платите се зголемија за 10 отсто на 364,7 милиони фунти.
Ново на Сител
-
Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата
-
„ЕУ Обсервер“: Одложувањето на проширувањето на ЕУ ја зголемува економската нееднаквост на Балканот
-
Хутер победи на женскиот супервелеслалом во Сент Мориц
-
Возило удрило две жени во Штип
-
Минута молк на натпреварите во Германија
-
Вучиќ: Младите од 20 до 35 години, дури и невработените, ќе можат да земат станбен кредит
-
Инспектор нападнал началник во просториите на полицијата во Радовиш
-
Германија: Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати, над 200 повредени