-->
-->
Раул: Ако сакаме успех, треба да тренираме како екипа
-->
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалез попладнево ја собра репрезентацијата, која до сабота ќе тренира во рамките на неделата на ЕХФ, како дел од подготовките за настапот на Европското првенство во Хрватска 2018. Македонија во овој период нема да игра натпревари како другите селекции, туку само ќе тренира. Селекторот Раул со свое видување за овој пристап.
- Не сакам многу натпревари бидејќи сакам најдобро што е можно да ја подготвам репрезентацијата осбено што претходно немавме многу време за тренинзи. Мораме многу да тренираме заедно за да бидеме како екипа. За натпреварите е друго треба да си сконцентриран на тоа што си го тренирал. Ова ќе биде добро и дека нема да имаме притисок од натпревари и ќе можеме по мирно да работиме, изјави Раул.
На листата на повредени играчи се наоѓаат Кирил Лазаров, Филип Кузмановски, Стојанче Стоилов, Филип Талески и Аце Јоноски. Капитенот Кирил Лазаров и Немања Прибак го најавиле присуството на првиот тренинг вечерва. Од повредените Јоноски ќе ги „скокне“ овие подготовки, а доплнително е повикан Горан Крстевски.
Репрезентацијата ќе тренира двапати на ден до сабота во СРЦ Кале.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од село Милетино
-
Турските власти приведоа повеќе од 100 лица на Меѓународниот ден на жената
-
Вучиќ: Опозицијата мисли дека сабота е ден Д, верувам дека студентите во блокада се попаметни
-
Обвинение за обид за убиство
-
Киев: Русите се обидоа да упаднат во градот Курск преку гасовод
-
Ѓоковиќ поразен во второто коло на Индијан Велс
-
Украинските сили извршиле напади со дронови на руска територија
-
Уапсен мажот што се качи на Биг Бен во Лондон и вееше палестинско знаме