-->
-->
Раул: Очекувам полна сала и поддршка на дуелот со ПИК Сегед
-->
Ракометарите на македонскиот првак Вардар се наоѓаат во серија од три победи во Лигата на шампионите во новата сезона. „Црвено-црните“ викендов ќе го играат натпреварот од 4.коло, а во Скопје ќе гостува екипата на ПИК Сегед од Унгарија.
На прес конференцијата пред дуелот тренерот Раул Гонзалез изјави:
- Сега играме во добро и се наоѓаме во добра форма. Треба да го искористиме тој момент и да продолжи серијата победи. ПИК Сегед е тежок противник, имаат искуство, квалитет и играат добар ракомет. Ако нешто сакаме оваа сезона нешто да направиме дома мора да победуваме. Сите играчи се подготвени и очекувам добар ракомет против ПИК, секако и полна сала и голема поддршка од трибините.
Капитенот Стојанче Стоилов напомена:
- Четвртиот натпревар го играме против Сегед, екипа која многу ја почитуваме. Оваа година мораме да се пласираме на Фајнл Фор турнирот, пред се заради нас играчите, а потоа и за клубот и навивачите. Затоа ќе одиме на победа на секој натпревар.
Дулеот Вардар - ПИК Сегед се игра во недела во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени 343 лица на протестите во Турција
-
Пронајдена тревкаста материја и приведени три лица
-
Од утре дожд, грмежи и силен ветер
-
Пуштале музика во денови на жалост - Приведени две одговорни лица во угостителски објекти
-
Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство
-
Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000
-
Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
-
Почина Џорџ Форман