Разбиена голема криминална организација на грчкиот остров Крит – уапсени 48 лица

Најмалку 48 лица се уапсени меѓу нив и бизнисмени, воени лица и полицаец во големата акција на грчката полиција на островот Крит за разбивање на криминална организација активна во трговија со дрога и оружје, уцени и перење пари, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Акцијата започнала вчера наутро и е во тек, а според „Катимерини“ претходела осуммесечна тајна истрага, додека од уапсените, 16 лица се веќе притворени.
Големата криминална организација распространета во неколку градови на островот, тргувала со дрога и оружје, уценувала и изнудувала пари, а преку хотели, ербиенби и бич барови перела пари.
Меѓу членовите имало и воени лица и полицајци, кои или активно учествувале во трговијата со дрога и оружје или криминалната организација ја информирале за активностите на грчката полиција.
„Катимерини“ пишува дека во трговијата со дрога биле вклучени и албански и египетски државјани, додека во шверцот на оружје биле само Грци.
MИА
Ново на Сител
-

Миланов: Млечните производи со несоодветни декларации се безбедни, но со нарушен квалитет
-

11 лица приведени, а двајца завршиле во болница по групна тепачка во Шуто Оризари
-

ЕК ја продолжува постапката против Бугарија поради правилата за правна помош
-

Авион се урна во Хрватска, четири лица загинаа, по две се трага
-

Кривична за три лица кои со трактор се обиделе да прегазат вработени во шумско подрачно стопанство откако биле затекнати со нелегална сеча
-

Македонска вечер во Брвеница, средствата ќе бидат наменети за изработка на мурал на загинатите бранители од 2015
-

Арагчи: Иран е подготвен за дијалог, но и за одговор на секое прекршување на примирјето
-

ЕУ почнува преговори со Западен Балкан за вклучување во зоната „Роаминг како дома“
