Разбиена нарко-група во Германија и Белгија, уапсени 17 Албанци
Во заедничка акција на германската и белгиската полиција во која учествувале околу 300 полицајци разбиена е нарко-банда која шверцувала хероин и кокаин, јавија албанските медиуми. Уапсени се 17 Албанци, од кои 15 во Белгија и двајца во Германија.
- Истражителите откриле дека дрогата се шверцувала во контејнери во Белгија, пред да биде пренесена во Германија и потоа дистрибуирана низ Европа. Во акцијата се запленети 700 илјади евра, 15 килограми хероин, три килограми синтетичка дрога и три килограми кокаин, 13 возила и три парчиња огнено оружје, наведуваат медиумите.
Европол ја поддржал оваа истрага со обезбедување експертиза и обемна аналитичка поддршка и со олеснување на размената на информации преку своите сигурни канали.
-Низа оперативни состаноци организираше Европол низ Европа со цел да се пополнат истражните празнини на меѓународно ниво и да се координираат истовремени дејствија насочени кон разбивање на целата структура на оваа криминална група, додава abcnews.al.
Ново на Сител
-

Судскиот совет ќе ја проверува работата на судиите во сите судови низ Македонија
-

Тема на денот со Александар Камбовски, претседател на Судски совет
-

Алиу со работна група се вклучува во случајот со извоз на мозочно ткиво во САД
-

Судски истражува предмети кои ги работел судијата Ристов
-

За еден ден 58 одземени дозволи
-

Камионџиите можеби ќе бидат изземени од новиот електронски систем за влез и излез од ЕУ
-

По завршување на огласот Владата ја продолжува постапката за избор на државен јавен обвинител
-

ЕУ ја пролонгира примената на EES системот до септември
