Македонија
22. December 2017 - 11:20

Разбојници ограбиле жена во нејзиниот дом во Добридол

Три непознати маскирани лица синоќа, околу 20:45 часот во с.Добридол, гостиварско, извршиле разбојништво над Ш.Б. (51).

- Дододека оштетената била во својот дом, поточно во помошна просторија-летна  кујна, сторителите со закана со пиштол побарале злато и пари од неа. Таа им дала 5.000 денари и лицата заминале во непознат правец. посочуваат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.