Разликите меѓу обичен и хроничен замор

Синдромот на хроничен замор е многу повеќе од само чувство на измореност. Појавата позната како мијалгичен енцефаломиелитис (МЕ), е сериозна состојба од којашто се погодени милиони луѓе ширум светот.
Хроничниот замор е сложена состојба што се одликува со постојан замор којшто не се подобрува со одмор и го отежнува секојдневното функционирање на човекот. Има разлика меѓу обичното чувство на замор и синдромот на хроничен замор, а симптомите може многу да варираат од личност до личност. Општиот лекар Мохамед Енајат од Кралскиот колеџ во Лондон, Велика Британија, ги откри симптомите коишто не треба да се игнорираат.
Точната причина за МЕ сè уште е непозната, но се верува дека вклучува абнормалности во имунолошкиот, нервниот и метаболичкиот систем. Сигурно е тоа дека една од најголемите заблуди е оти МЕ е - „едноставно замор“ или психолошка состојба предизвикана од стрес.
-Најнагласениот симптом е постојан и необјаснет замор што трае најмалку шест месеци. Меѓу другите се заморот по напор, лошиот сон, когнитивните тешкотии како што се мозочна магла, болките во мускулите и зглобовите, главоболките, вртоглавицата и гастроинтестиналните проблеми, вели д-р Енајат.
Бидејќи симптомите на МЕ се слични на други состојби, оваа состојба потешко се дијагностицира.
-Меѓу состојбите коишто имаат некои слични симптоми спаѓаат фибромијалгија, хипотироидизам, автоимуни болести како лупус или мултиплекс склероза, Лајмска болест, депресија и пост-вирусни синдроми, појасни лекарот.
Многу луѓе со хроничен замор, се вели, се борат со основните секојдневни активности, како што се станување од кревет, готвење или разговор. Оваа состојба влијае на работата, меѓучовековите односи и општествениот живот, што може да доведе до изолација, финансиски тешкотии и емоционална вознемиреност. За разлика од болестите каде одморот води до подобрување, кај МЕ, напорот може да ги влоши симптомите, поради што управувањето со енергијата е клучно.
Фактори на ризик од МЕ се вирусни инфекции, дисфункција на имунолошкиот систем, генетска предиспозиција и хормонална нерамнотежа. Исто така, хроничниот стрес и траумата може да придонесат за дисрегулација на нервниот и имунолошкиот систем.
Советот на докторот гласи: Доколку почувствувате замор што не исчезнува и по одмор и сѐ тоа влијае на Вашиот секојдневен живот повеќе од шест месеци, проследено со мозочна магла, болки во мускулите или вртоглавица, неопходно е да се обратите на лекар.
Ново на Сител
-

Лавров: Каде се доказите дека Иран развива нуклеарно оружје
-

ИДФ: Иран повторно лансира ракети кон Израел
-

Зеленски: Војната во Иран може да го отежне снабдувањето на Украина со ракети
-

Црвена полумесечина: Речиси 800 убиени во израелско-американските напади врз Иран
-

Цените на нафтата дополнително растат додека Иран блокира витална поморска рута
-

Либанската армија се повлекува од своите позиции во близина на границата со Израел
-

Вкупно 473 наши државјани досега ги контактирале ДКП-ата во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

ОЈО: Мајката и детето биле заклучени сами во станот, едно лице e задржано во полициска станицa
