Разрешувањето на Јанева во четврток

Претседателот на комисијата за избори и именувања, Илија Димовски ја закажа седницата за разрешување на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Извештајот пред пратениците ќе се најде на седницата закажана за четврток.
Засега не е познато дали седницата ќе биде јавна.
Димовски смета дека нема причина седницата да се одвива зад затворени врати бидејќи предност има јавниот интерес.
Поради ова, најави дека денеска ќе побара од Претседателот на Советот на Јавни обвинители, Ацо Колевски, извештајот да биде декласифициран.
Колевски за Сител вели дека ќе го почека писмениот допис од претседателот на Комисијата за избори и именувања, по што советот на јавни обвинители ќе одлучува по предлогот за декласифицирање на извештајот/
Сепак додава дека одлуката дали седницата ќе биде јавна или ќе се одржува зад затворени врати ја носи Комисијата.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Турција испраќа авиони Ф-16 во Естонија за заштита на воздушниот простор над Балтикот
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Две лица загинаа во вооружен инцидент во Сиетл
-

Гостивар денеска треба да добие технички исправна вода
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Зеленски одобри план за за повеќе операции со долг дострел во Русија
-

Израел ќе дозволи влез на меѓународни сили во Појасот Газа
-

Почина познатиот актер Гоце Тодоровски
