Развожаев: Петмина повредени во напад на седиштето на руската флота во Црното Море
Напад со беспилотно летало денеска е извршен врз Генералштабот на руската флота во Црното Море во Севастопол, при што пет лица се ранети, изјави гувернерот на анектираниот полуостров Крим, Михаил Развожаев.
„Утринава украинските националисти решија да го уништат Денот на руската морнарица“, кој денеска се слави во Русија, напиша Развожаев на Телеграм.
Тој рече дека дронот стигнал до дворот на Генералштабот на флотата и дека меѓу вработените во Генералштабот има петмина ранети. Според него, нема загинати.
„Сите прослави поврзани со Денот на руската морнарица се откажани од безбедносни причини“, додаде Развожаев и побара од жителите на Севастопол да не ги напуштаат своите домови „ако е можно“.
За празникот се планирани големи прослави ширум Русија, со парада во Санкт Петербург која ќе ја надгледува претседателот Владимир Путин.
Ова е првпат руските власти да пријават ваков напад од почетокот на нивната офанзива против Украина на 24 февруари.
Ново на Сител
-
Одложено судењето за убиството на кучето Феликс
-
Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри под просекот за февруари
-
Ватикан: Папата Франциск и денеска е во критична состојба, поминал мирна ноќ
-
„Фридом хаус“: Македонија делумно слободна земја
-
Општина Центар доделува субвенции за полагање возачки испит
-
Зеленски: Украина активно подготвува нови состаноци, преговори и договори со партнерите
-
Повеќе од 250.000 лица ја потпишаа петицијата за одземање на канадското државјанство на Илон Маск
-
Флик: Барселона одигра одличен натпревар, но прими четири гола и тоа е премногу