Реакција директорот на ФЗОМ Стефановски на изјава на министерот Таравари

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Стефановски денеска изјави дека Фондот непречено функционира и тој како директор ги извршува своите обврски согласно закон на дневна основа. Изјавата на Стефановски е реакција на изјавата на министерот за здравство Арбен Таравари кој вели дека директорот на ФЗОМ не оди на работа, го игнорира Министерството за здравство и до крајот на неделата ќе биде разрешен.
- Господине Таравари не дефокусирајте и преземете одговорност за позицијата за која што ви дале мандат и решавајте проблеми на осигурениците и здравствените работници. Почнете да ги реализирате проектите кои толку гласно ги најавувавте. Добро е што по месец и две недели од вашето назначување се сетивте дека постои Фонд за здравствено осигурување на Македонија и ние се уште ја чекаме вашата прва официјална покана да оствариме работна средба со вас, вели Стефановски.
Тој додава дека министерот има надлежност врз работењето на Фондот, сите важни одлуки на Фондот се носат на Управен одбор, а потоа министерот дава согласност.
Фондот за здравство, според Стефановски, изминатите години прерасна во институција која е отворена за граѓаните, која решава проблеми и имплементира проекти за подобрување на здравствениот систем.
Тој го прашува министерот Таравари кој ќе ја сноси одговорноста, бидејќи се разрешени сите членови на Управниот Одбор на ФЗОМ, кој е надлежен орган за одлучување во втор степен по жалби за лекување во странство, со што, како што истакнува, се парализира институцијата во носење одлуки и директно се загрозува здравјето на осигурениците.
- До крајот на неделата ќе биде разрешен директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Стефановски, оти не оди на работа и го игнорира Министерството за здравство, изјави претходно министерот Арбен Таравари. Тој вели дека се уште не одлучиле кој ќе го замени Стефановски, но додава дека се во потрага по компетентен, професионален и совесен кадар.
Тој ги потврди информациите дека размислуваат во Фондот за здравствено осигурување место двајца директори, како што е сега, да има само еден директор, како и тоа дека се размислува ФЗОМ да се спои со Министерството за здравство, а не да биде издвоена институција.
Ново на Сител
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
-

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
