Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Димитриеска-Кочовска
Криминалната ВМРО-ДПМНЕ фрлаше пари за споменици, СДСМ ги враќа парите кај граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за задолжување, тоа е истата партија, која 11 години ги задолжуваше граѓаните да гради споменици, фасади од стиропор, што се распаѓаат, да ја изгради луксузната Бела палата, како центар за ширење лажни вести, за богатење на партиското раководство на сметка на осиромашување на граѓаните.
„Немаме за леб а трошиме за чоколадо“ е добро познатиот односот на ВМРО-ДПМНЕ кон парите на граѓаните.
За разлика од времето на режимот денес парите завршуваат кај граѓаните. Минималната плата е покачена во три наврати, од срамно ниското ниво под 9.000 денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ на 18.000 денари, континуирано расте просечната плата, социјалната помош е зголемена за 300 отсто.
Во најтешкиот период од пандемијата од Ковид 19, кога Владата предводена од СДСМ преку шест пакети мерки со 1,1 милијарди евра им помогна на граѓаните и на компаниите, дополнителната заменичка министерка за финансии од ВМРО ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочовска, со месеци кочеше заем од Светска банка, наменет за инвестиции во здравството и за помош на најранливите.
Концептот парите назад кај граѓаните продолжува и во време на светска економска криза. Со антикризниот пакет од 26 мерки, СДСМ им помага на граѓаните, на најранливите категории, на пензионерите и на компаниите.
Со укинување на стапката за ДДВ за основните прехранбени производи, намалување на ДДВ и акцизата за горивата, со субвенционирање на цената на електричната енергија се амортизира ценовниот шок.
СДСМ работи во интерес на народот, парите, не ги вложува во жални врби и панорамски тркала, туку ги враќа кај граѓаните, во семејните буџети.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ
-
Министерство за здравство: Ќе се утврдат причините за смртта на 14-месечно бебе
-
Спасувачите трагаат по исчезнати по поплавите и свлечиштата во Јабланица
-
Досега нема кривична пријава поврзана со „Конти“, граѓаните да внимаваат при вложување пари во вакви апликации
-
Лазов: ДСЗИ ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатотото бебе било претходно лекувано
-
МОН: Честит 5 Октомври – Светски ден на учителот
-
Над 20 интервенции ноќеска во поплавени куќи во Тетово