Реакција на Заев за кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ
Претседателот на СДСМ Зоран Заев во пишана изјава до медиумите реагира во врска со доставените носители на кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ до Државната изборна комисија.
Заев оценува дека носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ се, како што вели, огледало на криминалот, корупцијата, насилството, несовесноста и беззаконието. Тоа се луѓе, како што наведува Заев, кои украле над пет милијарди евра пари од граѓаните и кои принудиле над 600 илјади граѓани да ја напуштат државата.
- Овие луѓе, кои принудија над 626.312 луѓе, меѓу нив и ваши деца, да заминат во странство, а вас ве оставија во солзи, немаат намера да ни ги вратат младите во Македонија, туку имаат само еден сон, да владеат. Овие исти луѓе кои 10 години ви ги кршеа соништата не смеат повеќе да владеат. Да ги запреме. Да не ни ги уништуваат домовите и децата. На 11 декември да избереме живот, живот за сите нас во Република Македонија, наведува Заев во пишаната изјава.
Ново на Сител
-
Израел ги проширува воените операции и окупира делови од Газа
-
Келог: Конфликтот во Украина е на работ на примирје, но потребен е договор
-
Неврологот од Гостивар кој ја менува политичката сцена | Арбен Таравари | Sitel Podcast 087
-
Политико: Маск наскоро ќе се повлече од челното место во ДОГЕ, се враќа на бизнисот
-
Руте: Целосно сум убеден дека НАТО ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од Алијансата
-
Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата