Реакција на ЗНАМ

Во врска со дeнешната прес конференција на СДСМ, а во однос на тендерската постапка на хигиеничарски услуги во ЈП Македонски пошти, сакаме да ја информираме јавноста дека Движењето ЗНАМ за наша Македонија нема никакво партиско-политичко влијание во ниту една ваква постапка.
Точно е дека господинот Сашо Петровски беше носител на советничката листа за општина Кисела Вода, но не е носител на било каква партиска функција. Тој е приватен стопанственик кој долги години се занимава со бизнис за одржување на хигиеничарски услуги во приватниот сектор и во минатото има сериозно професионално портфолио во оваа сфера во одржувањето на приватни компании, но и државни институции.
Што се однесува до конкретниот случај, несакајќи да навлегуваме во материјална дискусија, доколку било кој надлежен орган утврди било каков конфликт на интерес, прекршување на постапката или прекршување на законите, ги повикуваме надлежните да постапат согласно законската норматива. Во спротивно секој го има демократското право да води сопствен бизнис и да учествува на јавните конкурси.
ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ се оградува од било каква инволвираност во ваквите случаи.
Центар за комуникации и аналитика
Ново на Сител
-

Пристигнаа првите „Страјкери“ од САД
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Македонија останува безбедна
-

Над 1000 казни за 2 дена
-

Повеќе можности за студентите, заедничка призната диплома на повидок
-

Македонски Каритас започнува проект од половина милион евра за подобрување на животната средина во седум општини од југоистокот
-

Трета година по ред ООУ Кочо Рацин од Прилеп организира еко акција за пошумување
-

Преглед на вестите од светот
