-->
-->
Реал се откажа од Де Геа
-->

Реал Мадрид се откажа од трансферот на Давид Де Хеа откако раководството реши да не се жали кај ФИФА и УЕФА. Трансфер сагата која цело лето го забавуваше фудбалскиот свет заврши неславно, бидејќи документацијата од Манчестер во Мадрид, односно во седиштето на La Liga не стигнала на време.
Реал и Манчестер во понеделникот ги финишираа преговорите околу трансферот на Де Хеа кој требаше да изнесува 30 милиони фунти плус голманот Кејлор Навас. Сепак, тој не се реализира бидејќи комплетната документација од Манчестер во La Liga пристигнала 20-ина минути по полноќ.
Иако тимовите тврдеа дека временскиот рок бил испочитуван, од седиштето на лигата не потклекнаа на притисокот и останаа на своето тврдење дека документите пристигнале по полноќ и дека трансферот не може да биде реализиран.
Сега се поставува прашањето зошто клубовите го чекаа последниот ден, односно последните часови од преодниот рок за да седнат да преговараат, ако се знае дека Де Хеа уште на почетокот на летото изјави дека сака да се врати во татковината, а на почетокот од сезоната тој не беше во плановите на менаџерот на Манчестер Јунајтед.
Токму Де Хеа е најголемиот губитник во целата ситуација, бидејќи сега е нејасно каков ќе биде неговиот статус во тимот во иднина. Можно е Реал и Манчестер да преговараат околу Де Хеа во јануарскиот преоден рок, но тогаш Реал сигурно нема да ги прифати истите услови.
Исто така, многу е веројатно Де Хеа да остане до крајот на сезоната на „Олд Трафорд“, а потоа како слободен играч да го напушти клубот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: САД и Иран водат „многу добри разговори“, можен договор за Ормуската Теснина
-

Андоновски: Компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривична евиденција од основните судови
-

Маж од Скопје загина откако врз него паднало дрво при нелегална сеча во струшко
-

Уапсен 15-годишник кој возел камиот без возачка дозвола
-

Осум повредени во верижна сообраќајка помеѓу четири возила кај Битола
-

АХВ: Бугарија ги засили официјалните контроли при увоз на свежо овошје и зеленчук
-

Белорусинка пронајдена мртва во хотел во Охрид
-

Две девојки скокнале од такси во движење во тетовско, возачот не ги однел на бараната локација
