-->
-->
Реал: Заминува Пепе доаѓа Монтеиро
-->
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Пепе, пред извесно време соопшти дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот и ќе ја продолжи кариерата во Кина, а шпанските медиуми во петокот објавија дека тренерот Зинедин Зидан и претседателот Флорентино Перез, веќе одлучиле кој играч ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу“.
Пепе е еден од најважните играчи на Реал, иако оваа сезона шанса во првиот тим добива само кога е повреден Рафаел Варан, но сепак реши по една деценија да замине од Мадрид, откако не успеа да се договори со клубот околу должината на договорт. Реал му нудеше едногодишен, а бразилскиот португалец бараше нов двегодишен договор.
Во ситуација кога пепе заминува, тренерот Зидан и претседателот Перез веќе донеле одлука кој играч ќе дојде на неговото место.
Станува збор за сонародникот на Пепе, Фелипе Монтеиро (27) од Порто. Монтеиро од минатата сезона е во Порто, откако претходно пет години го носеше дресот на Коринтијанс.
Монтеиро добро се вклопи во играта на Порто, а одличните иги му обезбедија место и во бразилската репрезентација.
Дефанзивецот во својот договор има клаузула во која стои дека може предвреме да го напушти клубот за сума од 50 милиони евра, но шпанските медиуми шпекулираа дека поради добрите односи кои ги имаат Реал и Порто, Монтеиро ќе биде продаден за 30-милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
12 повредени од пожарот во Кочани денеска ќе бидат испратени на домашно лекување
-
19 годишниот Јован како херој пречекан од соучениците во Виница
-
Мицкоски: Постапката за разрешување на Коцевски во моментов ќе биде запрена
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Ќе се менува законот за угостителска дејност
-
Минималната плата ќе биде донесена на денешната Владина седница и ќе изнесува 24.400 денари
-
Центарот за Социјална работа не бил известен за бегството на пациентот од болницата
-
Преглед на вестите од светот