ОН: Речиси 10.000 деца во светот умираат месечно од глад поради Ковид-19

Речиси 10.000 деца умираат месечно од глад поради пандемијата со Ковид-19. Тоа се должи на ограничувањата наметнати како мерки против ширење на коронавирусот, соопштија од ОН.
Повеќе од 550.000 деца се неухранети секој месец. Четири агенции на ОН предупредуваат дека блокадите доведуваат до катастрофа.
Светската здравствена организација, УНИЦЕФ, Светската програма за храна и Организацијата за храна и земјоделство веднаш побараа најмалку 2,4 милијарди американски долари за решавање на глобалниот глад. Проблемот не е само недостаток на средства за преживување, туку и доставувањето хуманитарна помош, велат експертите.
Ситуацијата е особено загрижувачка во држави како Авганистан, Јемен или Судан, кои се потресени од воените конфликти со години.
Околу девет отсто од луѓето во светот гладуваат, а пандемијата на коронавирус ќе го зголеми гладот оваа година, се вели во извештајот на ОН од овој месец.
До 2030 година, повеќе од 890 милиони луѓе би можеле да бидат погодени од глад, или 8,9 отсто од светската популација. Минатогодишниот извештај проценува дека 820 милиони луѓе гладуваат, но бројките беа ревидирани по промената на статистиката на Кина од претходните години.
Ново на Сител
-

Трамп: Загинувањето на американските војници е трагедија, новите напади врз Иран се казна за Револуционерната гарда
-

Киев повторно под жесток удар на руски балистички ракети, има загинати и повредени
-

Макрон му се заблагодари на Дешан за неговата работа со француската репрезентација
-

САД извршија нови воздушни напади врз Иран откако загинаа американски војници во Јордан
-

Во Општина Крушево ќе биде отворена новата канцеларија за административни услуги
-

Најмногу дожд наврнал во Берово
-

Англија ја победи Франција за третото место со 6:4
-

Браќата Ендру и Тристан Тејт уапсени во Мајами по барање за екстрадиција од Велика Британија
