Речиси 150 загинати во судири во главниот град на Јужен Судан
Речиси 150 лица загинаа изминативе два дена во судири меѓу владините сили и припадници на поранешните бунтовнички групи во главниот град на Јужен Судан, Џуба.
Како што јави ДПА, судирите започнале во реонот околку Претседатлската палата, по што се прошириле во повеќе делови на градот.
Во времето кога почнале борбите, во Претседетелската палата се одржувал останок меѓу јужносуданскиот претседател Салва Киир и неговиот заменик и поранешен лидер на бунтовниците Риек Мачар.
Причините за судирите не се познати.
Јужен Судан, кој вчера ја одбележа петтата годишнина на својата независност, во периодот од 2013, па до април годинава, беше соочен со граѓанска војна. Војната заврши со договорм врз основа на кој бунтовничкиот лидер Мачар беше избран за прв потпретседател на земјата.
Новите судири во Јужен Судан ги осуди генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, кој ги обвини двете страни за „недостиг на сериозен однос кон мировниот процес“.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри