ОН: Речиси еден милион мигранти пристигнале во Европа по море од почетокот на годината

Речиси еден милион илегални мигранти, од кои над 500 илјади Сиријци, пристигнаа во Европа по Средоземното Море од почетокот на годината. Ова го изјави вчера високиот комесар на ОН за бегалци Антонио Гутериш, пренесува ТАСС.
На седница на Советот за безбедност на ОН, посветена на хуманитарната ситуација во Сирија, Гутериш посочи дека Високиот комесаријат на ОН за бегалци спровел анкета меѓу 1.200 сириски бегалци, по што резултатите потврдиле дека Сирија доживува огромен „одлив на мозоци".
- Осумдесет и шест проценти од испитаниците имаат средно образование. Речиси половина од нив учеле во универзитети. Можете ли да замислите какви катастрофални последици ќе има ваквото масовно иселување по перспективата за обнова на Сирија по конфликтот, изјави Гутериш.
Високиот комесар предупреди дека бегалците од Сирија во Блискиот Исток тонат во беда и се принудени да бараат пат кон Европа. Според податоците на ОН и Светската банка, девет од десет Сиријците во Јордан и Либан живеат под прагот на сиромаштијата. Во многу случаи ним не им се дозволува да бараат работа, поради што без егзистенција се наоѓаат цели семејства. Само половина од сите деца бегалци одат на училиште, истакна Гутериш.
Тој повика на итен прекин на војната во Сирија и предупреди дека колку подолго таа продолжува, толку потешки ќе бидат нејзините последици.
Луѓето кои ги отфрлаат сириските бегалци се „најдобри сојузници" на џихадисти од „Исламска држава" и други екстремисти, изјави Гутериш.
Ново на Сител
-

Управниот одбор не одобрил набавка на апарати за коцкање
-

Најмладиот милионер во државата има 4 години, највисоката месечна плата изнесува 189.000 евра
-

Министерството за јавна администрација со нова рамка за организација на работата на органите на државната управа
-

Младинските политики остануваат само на хартија: Општините не го почитуваат законот
-

Преглед на вестите од светот
-

Ново рочиште за „Дражавна лотарија“
-

Регионален форум на локално лидерство за млади, мир и безбедност
-

Ромите се уште се соочуваат со предизвици
