Редовен годишен состанок на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО

Редовниот годишен состанок на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО, во кој членуваат шефовите и заменик-шефовите на националните парламентарни делегации денеска ќе се одржува во Собранието на Република Северна Македонија.
Како што е најавено, предвидени се обраќања на премиерот Христијан Мицкоски и на министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Од Делегацијата на Собранието во ПС НАТО учество ќе земат шефот на Делегацијата Драган Ковачки и заменик-шефот на Делегацијата Антонијо Милошоски.
Парламентарното собрание на НАТО (ПС на НАТО) е мултилатерална организација која воспоставува суштинска врска меѓу НАТО и Парламентите на НАТО нациите, обезбедува поширока транспарентност на политиките на НАТО и придонесува да се зајакнат трансатлантските вредности на Алијансата.
ПС на НАТО брои 281 делегат од 32 земји членки на НАТО, како и делегати од асоцијативни земји членки, регионални партнери и од медитеранските асоцијативни земји членки, како и парламентарни набљудувачи од други земји и парламентарни собранија и делегација од ЕП.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
