Редовна седница на Владата
Владата денеска ќе одржи редовна, 81-ва седница, на која на предлог на Дирекцијата за ТИР-зоните министрите ќе одлучуваат во однос на предлог-одлука за давање согласност за склучување договор за доделување државна помош на Друштвото за производство, трговија и услуги БАУМЕР Скопје.
Прес-службата најави дека ќе се одлучува и за нацрт-договорот за долготраен закуп на градежно земјиште во индустриската зона Струга на Трговското друштво за производство, трговија и услуги РЕЧИ Ентерприсес Струга.
На предлог на ЈП Македонски железници-инфраструктура ќе се разгледа информација за процесот на експропријација на земјиште кое е потребно за реализација на проектите за реконструкција и изградба на железничката пруга од источната делница на Коридор 8 (Куманово – Бељаковце – Крива Паланка – Р. Бугарија).
Пред министрите ќе биде и информацијата за потпишување Договор помеѓу Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија од областа на безбедност на храната и ветеринарство и Договор помеѓу Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и Министерството за здравство на Република Србија од областа на безбедност на храната.
Министрите ќе разгледаат предлог-одлука за утврдување на вишокот средства од акумулираната добивка на ЈП Службен весник и уплата на тие средства во Буџетот на Република Македонија, а исто така ќе се одлучува и за обезбедување средства за финансиска поддршка и развој на вршење дејност на ЈП „Агро-берза“.
На седницата ќе се разгледува и извештајот за работата на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони за првите шест месеци од оваа година, извештајот за финансиското работење на АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови
-
ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина, Лондон повикува на акција
-
Премиерот на Онтарио ја суспендираше одлуката за поскапа струја – следуваат нови трговски преговори со САД
-
Трамп ќе разговара со Путин, но предупредува: За танго се потребни двајца
-
Почна судењето на обвинетите за смртта на Марадона
-
Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот
-
Трамп ќе го покани Зеленски во Белата куќа
-
Сообраќајка меѓу две товарни возила кај кавадаречко Раец, едно лице повредено