Регионален форум „Рудници:Да или не?

Регионален форум „Рудници: да или не?“, ќе се одржи денеска во Домот на армијата во Струмица на кој ќе се дебатира за актуелната ситуација со издадените концесии за геолошки истражувања или за отворање рудници.
На форумот е најавено учество на градоначалниците на Валандово, Перо Костадинов, на Богданци, Блаже Шапов, на Босилово, Зоран Зимбаков и на Гевгелија, Сашо Поцков, и на претставници на Минстерството за економија и на Центарот за развој на југоисточниот плански регион.
Иницијативи против рудници на југоистокот досега реализираа шест референдуми, од кои три успешни и три неуспешни. Тие тврдат дека доколку најавените компании добијат концесии за отворање на рудници, рудата ќе се вади со помош на експлозив и тешка механизација, а во процесирањето на рудата ќе биде користен цијанид кој е исклучително опасен за здравјето на луѓето. Се ова ќе води до нарушување на релјефот и загуба на шумите, што ќе значи комплетна промена на климата на ова подрачје. Од друга страна, се верува дека рудниците се надеж за невработените од југоисточниот регион како и можност за менување на структурата на стопанството која досега беше претежно текстилна и дрвопреработувачка.
- Се очекува форумот да поттикне соработка помеѓу локалните и централните власти, граѓанските организации и другите засегнати страни за надминување на овие проблеми на регионално ниво, соопшти организаторот на форумот Цивика Мобилитас.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Бројот на вработените во првиот квартал е добра вест за граѓаните, лоша за опозицијата
-

Топлотниот бран во Велика Британија усмрти 17 луѓе
-

Муцунски: Наша цел како Влада е не само државата да ги почне преговорите, туку и да ги заврши доколку се спроведат реформите
-

Мицкоски: Буџетот е во одлична кондиција, остануваме држава со најевтини горива
-

Вицепремиерот Арбен Фетаи поднесе оставка
-

Во мај констатирани се 28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“
-

Мицкоски од МЕФ: Предизвиците во енергетската криза да ги претвориме во можност
-

Условна казна затвор за владиниот обезбедувач кој призна вина за семејно насилство врз сопругата
