Регионален состанок за хередитарен ангиоедем во Скопје

Во организација на Здружението за ретката болест хередитарен ангиоедем „ХАЕ Македонија“ денеска и утре во Скопје ќе се одржи регионален состанок за хередитарен ангиоедем.
– Целта е да се идентификуваат состојбата, потребите и проблемите на пациентите со ХАЕ од регионот, да се дискутира за можностите за терапија, центрите за лекување, како и за можностите за едукација на медицинскиот персонал од овие земји. Освен тоа, на состанокот ќе се разменат искуства и информации меѓу земјите и ќе се работи на подигање на свеста и мотивирање на самите пациенти и доктори кои се борат со хередитарниот ангиоедем. Исто така, ќе стане збор и за соработката што може да ја остварат пациентите и докторите, како и за позитивните резултати кои може да произлезат притоа, соопштија од „ХАЕ Македонија“.
Состанокот е поддржан од меѓународната организација на пациенти со хередитарен ангиоедем (ХАЕи) и од неколку фармацевтски компании.
Предавачи на состанокот ќе бидат професор д-р Марк Рaидeл од Соединетите Американски Држави и професор д-р Хенриета Фаркаш од Унгарија, кои ќе зборуваат за тековните третмани, но и за идните пристапи кон лечење на ХАЕ.
Ново на Сител
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
-

Статистиката измери инфлација од 4,8% во мај
-

Партиски препукувања околу европската иднина на Македонија
-

Законот за правична застапеност во среда пред пратениците
-

„Пулс“ надвор од системот, ниту еден редовен ниту вонреден надзор на ДЗС
-

Во тек е постапка за вработување на пет инспектори во Инспекторат за употребата на Законот за македонски јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Гаши го презентише извештајот за неговата двегодишна работа
