Регионална средба за интеграција на мигрантите во Македонија и Србија

Десет локални мрежи од Македонија и Србија, за поддршка на политики и услуги на мигрантите одржаа регионална средба во Белград. Претставниците на овие мрежи дискутираа за потребата од мониторинг на политиките и услугите на локално ниво, Во Македонија се однесува на Скопје, Куманово и Гевгелија, а во Србија во Прешево, Врање, Белград, Шид, Суботица и Сремска Митровица. Членовите на мрежите се претставници на институции, центри за социјална работа, образовни центри, агенции за вработување и здруженија на граѓани.
- Во Македонија и Србија важно е да разбереме дека институциите меѓу себе потребно е да соработуваат бидејќи има мал број лица кои побарале азил, а на истите треба правните регулативи да им се овозможат за да имаме нивна квалитетна интеграција. Ние на средбата се договоривме дека ќе ја следиме состојбата на локално ниво и ќе бидеме коректор на институциите за да се подобри политиката за соживот во градовите, велат од Здружение на правници на Република Македонија.
Во соопштението се истакнува дека во Србија која има 3.500 мигранти, додека во Македонија има околу 40 мигранти, распоредени во општините Скопје, Куманово и Гевгелија.
Во тек се спроведува истражување на состојбата на мигрантите во Македонија и Србија, со особен осврт на жените и децата мигранти, кое ќе биде презентирано до крајот на годината.
Проектот Создаваме заедно: мониторинг и застапување на заедницата е дизајниран врз основа на консултации во клучни засегнати страни во овој процес на миграција и е имплементиран од Фондацијата Конрад Аденауер, Здружението на правници на Република Македонија и Здружението Атина од Србија со финансиска поддршка од Европската Унија.
Ново на Сител
-

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски си поднесе оставка
-

СДСМ ја напушти седницата за пратенички прашања – немало да разговараат за Резолуцијата на мнозинството
-

СДСМ со платформа МИЦКО.мк ги повика граѓаните да пријават корупција, партијата избира ново раководство
-

Министерството за здравство и ОЈО ќе проверуваат дали несоодветно лекување е причина за смртта на новороденче на ГАК
-

Вработените во пералната на Клинички 11 месеци без плата и здравствено осигурување
-

Сомнеж за злоупотреба на речиси 2 милиони евра во Државна лотарија, утврди Заводот за ревизија
-

ЕВН бара поскапување на струјата од 6%, по Нова година
-

Преглед на вестите од светот
