Рекација од Синдикатот во ЈП Водовод и канализација – Скопје на прес-конференцијата на СУТКОЗ
Како Синдикат во ЈП Водовод и канализација – Скопје имаме инзвонредна соработка со директорот Александар Атанасов. Во овие 2.5 години сите наши барања во насока на подобрување на условите за вработените се ислушани. Се обнови возниот парк, се набави нова механизација, само за ХТЗ опрема за вработените во овие години се вложени 20 милиони денари, се набавија и нови униформи за инкасаторите и шалтерските работници итн.
Ова го истакнува Синдикатот при ЈП Водовод и канализација – Скопје, во реакција на денешната прес-конференција на СУТКОЗ, на која беше побарано градоначаликот на Град Скопје Коце Трајановски веднаш да го разреши од функцијата генралниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, Александар Атанасов поради непочитување на Колективниот договор и законите за работни односи и за административните службеници, како и поради несоодветното образование за извршување на функцијата.
- Овие последни 2-3 години за повеќе пати е подигната безбедноста на вработените и условите во кои работат. Има дисциплина која во минатите години ја немаше, се почитуваат правилата и прописите. На некои тоа не им одговара, односно би кажале на не работниците, кои биле во ЈП Водовод и канализација – Скопје и кои со своето не залагање и не работење биле товар на претпијатието, Град Скопје и граѓаните, се вели во реакцијата.
Луѓето во ЈП Водовод и канализација – Скопје, се додава, не се делат на партиска или национална основа туку на работници и не работници.
- Никој не е казнет или отпуштен од работа без докази, изјави од самите граѓани и сите процедури кои следат. Ние и понатаму нема да дозволиме некој да не работи, на товар на тие што работат и на грбот на граѓаните, с епотенцира во реакцијата од Синдикат во ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Ново на Сител
-
22-годишна девојка од Скопје удрена од таксист
-
Шекеринска: Никогаш за никого не сум ургирала
-
Сестрата на Фросина: Бараме одговорност од таткото на возачот и судијката
-
Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер
-
Во тек е голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари
-
Четиригодишното дете од Струга што почина имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
Вкупно седум лица повредени во две одделни сообраќајки близу Кичево, меѓу нив 19-годишна девојка