-->
-->
Реконструирани санитарните јазли во ООУ „Јоаким Крчовски” Крива Паланка
-->

Со средства во висина од околу четири милиони денари обезбедени од Министерството за образование и наука во основното општинско училиште Јоаким Крчовски од Крива Паланка е извршена комплетна реконструкција на сите санитарни јазли во матичното училиште.
– Извршена е комплетна реконструкција на санитарни јазли со отстранување на досегашната доводна и одводна инсталација. Ова е прва ваква инвестиција по повеќе од 50 години откако е изградено училиштето. Вградени се шољи со казанчиња, писоари, лавабоа вградени во водоотпорни и огноотпорни плотни, 40 ПВЦ- врати исполнети со ПВЦ панел, 12 радијатори со нова мрежа за парно греење како и 900 метри квадратни ѕидни и подни плочки. Прв пат е поставена хидрантска мрежа на секој кат, која иако е задолжителна, досега не беше поставена, изјави директорот на ООУ „Јоаким Крчовски”, Дане Петровски.
Висината на инвестицијата е 4.149.677 денари, а реализацијата на градежните зафати е во согласност со програмата за оддржување на училишните објекти со средства обезбедени од Министерството за образование.
– Општина Крива Паланка работи на подобрување на безбедноста на училиштата и на условите за претстој на учениците и вработените во овие институции, a наредната планирана активност за ова училиште е целосна реконструкција на фасадата со поставување термо изолација за енергетска ефикасност на објектот, додаде Петровски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Каде е најевтино да го наполните резервоарот на Балканот?
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
