-->
-->
Реконструирано спортското мултинаменско игралиште на Голак
-->
Заврши реконструкцијата на спортското мултинаменско игралиште на планината Голак, инвестиција на Општина Делчево.
Градоначалникот на Делчево, Дарко Шехтански кој денеска направи увид на работите, истакна дека со оваа инвестиција и со реконструкцијата на патот за Голак, Општина Делчево продолжува со активностите за да го врати сјај на планината Голак, како познат туристичко-рекреативен центар.
- По реконструкцијата на регионалниот пат Делчево-Врв Чавка на Голак што претставува една од најголемите инвестиции во Општина Делчево во изминатите години, деновиве целосно се реконструира и мултинаменското спортско игралиште кое се наоѓа во самиот туристички локалитет. Целосно руинираниот асфалт на постојното игралиште е заменет со нов, со што игралиштето повторно ја доби својата функционалност, на задоволство на сите рекреативци кои го посетуваат центарот. Во тек е обележување на линиите на теренот и фарбање на стативите, истакна Шехтански.
Тој додаде декаљ е асфалтиран простор од 44/ 24 метри со што е уредена доволна површина за реализација на натпревари на мал фудбал и ракомет.
- Во иднина е предвидена реализација на редица проекти поврзани со овозможување на разновидни содржини на Голак, со што очекуваме оваа наша природна убавица да заживее во нејзиното вистинско светло, во функција на локалниот економски развој за нашата општина, истакна Шехтански.
Инаку, деновиве заврши реконструкцијата на патнот правец Делчево-Голак во должина од 11 км , а вредноста на оваа инвестиција е 1, 3 милиони евра. Средствата се обезбедени од Министерството за транспорт и врски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поглаварот на МПЦ ќе присуствува на погребот
-
Повредените сместени во странски центри се под постојан медицински надзор
-
22 дискотеки и кабареа работат со лиценца во Македонија според регистерот на Министерство за економија
-
Филков: Правда ќе има
-
Со мирен марш средношколците од Охрид им оддадоа почит на настраданите во Кочани
-
Уште 17 потешко повредени во текот на ноќта пренесени на лекување во Србија, Грција и Австрија
-
14 осомничени за пожарот во Кочани се во притвор, меѓу нив и екс министерот Бектеши
-
Од денеска теренски контроли на сите кабареа и ноќни клубови, само 12 субјекти во државата поседуваат лиценци