-->
-->
Реконструкција на улиците во велешко Мамутчево
-->
Во велешкото село Мамутчево денеска започна проектот за реконструкција на улиците. На почетокот на работите увид направи градоначалникот Славчо Чадиев.
Чадиев информира дека со градежни зафати ќе бидат опфатени седум улици во населеното место. Две ќе се асфалтираат, а останите пет ќе бидат бетонирани. Вкупната површина која ќе се уреди изнесува 1007 метри.
- По должината на улиците кои се предмет на овој проект се наоѓаат индивидуални станбени куќи, основно училиште, верски објект и спортски терен. Директни корисници од овој проект се 350 жители односно 80 домаќинства од ова населено место, појасни Чадиев.
Вредноста на инвестицијата изнесува околу 6 милиони денари, средства обезбедени од Европска Унија преку ИПА претпристапните фондови, а администрирани според Светска банка.
Како што информираат од општина Велес, ваков проект веќе е почнат и во населеното место Чалошево. Таму се изведува реконструкција на улици во должина од 1062 метри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последни денови за пријавување за намалување на сметките за струја за ранливи потрошувачи
-
Си: Нема победници во трговската војна
-
Пронајдени рачни бомби во село Боговиње
-
Почна судењето за претседателот на Јужна Кореја Јун Сук-Јеол, обвинет за велепредавство
-
Продолжува судењето за случајот со родилката на која при пораѓај и беа извадени матка, јајник и бубрег
-
Без вода дел од улица „Ленинова“
-
Со истрагата за пожарот во Кочани опфатени 45 лица
-
Со сведочење на Љупчо Палевски продолжува судењето за убиството на Вања и Панче