Рекордни бројки на новозаболени и починати од Ковид-19 во светот
И денеска голем број држави објавија високи бројки на новозаразени и починати од Ковид-19. Според сајтот „Ворлдметер“ во светот инфицирани се 50.377.799, од кои починале 1.258.066, а оздравеле 35.620.816 луѓе
Тоа е помал број на инфицирани од претходниот ден, но е рекордна бројка на смртни случаи од почетокот на епидемијата.
Додека во Хрватска во изминатите 24 часа регистрирани се 2.543 новозаразени лица и 42 починати. Во земјата има 15.678 активни случаи и 1.396 пациенти на болничко лекување, од кои 145 се на респиратор.
Во Босна и Херцеговина денеска се потврдени над 1.200 новозаболени лица со Ковид-19 и 19 смртни случаи. Во земјата активни се околу 30.000 случаи. Од почетокот на епидемијата во март регистрирани се приближно 64.000 заболени и над 1.500 починати лица.
Министерството за здравство на Бугарија денеска соопшти дека за еден ден пријавени се 2.301 новозаболени со Ковид-19, што е за 1.538 помалку во споредба со претходниот ден. Во изминатите24 часа починале 56 пациенти, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 1.632.
Во Бугарија од почетокот на пандемијата со новиот коронавирус се заразиле 74.485 луѓе, од кои оздравеле 23.805 лица.
Русија денеска потврди 20.498 новозаболени со Ковид-19. Тоа е трет ден по ред кога бројката на новоинфицирани е поголема од 20.000 лица.
Во Русија досега со новиот коронавирус се заразиле 1.774.334 луѓе, од кои починале 30.537 пациенти.
Додека во Иран денеска се забележани рекордни 459 смртни случаи, со што вкупниот број на починати од последици од Ковид-19 се искачи на 38.291 човек. За еден ден во Иран пријавени се 9.236 новозаболени.
Претходно, американските здравствени власти објавија дека Тексас е првата сојузна држава каде се регистрирани над еден милион луѓе заболени од новиот коронавирус, што е десет отсто од вкупниот број на пациенти во САД. Во САД со Ковид-19 досега се инфицирале околу 10,1 милиони луѓе.
Ново на Сител
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
-

Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување
-

Сообраќајната полиција доби 33 нови „Piaggio Beverly 310“ вредни над 270.000 евра
