Рекордно ниски температури во Кина

Температурите во некои делови на Кина, вклучително и провинциите Шанси, Хебеј и Лиаонинг, достигнаа најниско ниво од почетокот на водењето на евиденцијата, јави денеска кинеската државна телевизија.
Според прогнозите, градот Јичун, во покраината Хеилонгџанг, може да забележи рекордно ниска температура од минус 47,9 степени Целзиусови, пренесуваат британските медиуми.
Кинескиот претседател Си Џинпинг пред два дена повика на итна реакција на студениот бран во земјата што почна на почетокот на неделата, со врнежи од снег и замрзнати патишта, а густата магла предизвика повеќе сообраќајни несреќи.
Во главниот град Пекинг времето се подобрува, а властите најавија дека училиштата повторно ќе се отворат откако учениците минатата недела неколку дена имаа онлајн настава.
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
