Рекс Тилерсон во посета на Кина
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска допатува во прва посета на Кина, каде ќе оствари средба со својот кинески колега Ванг Ји, а можно е да се сретне и со шефот на државата Си Џинпинг.
Тилерсон пристигнал во Кина со остар став на САД по прашањето за Северна Кореја во тензична атмосфера откако американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Пекинг дека не врши доволно притисок врз Пјонгјанг за прекин на нуклеарната програма.
Во текот на својата азиска турнеја Тилерсон го прекина повеќегодишното стратешко трпение околу Северна Кореја, порачувајќи дека тој пристап „не е успешен“ и можна е американска акција против Пјонгјанг доколку заканите ескалираат.
Според западни медиуми, се очекува кинеските официјални претставници да изразат силно незадоволство поради поставување на американскиот противракетен систем во Јужна Кореја.
Ново на Сител
-
ЕВРО2024: Тројца избодени со нож во фан зона во Штутгарт
-
Отстранети 40 кубни метри отпад од дива депонија на „Пластичарска“
-
Сараево: Ги убил братот и снаата, ја запалил куќата, па се самоубил
-
Поплавен погон на скопска фирма
-
Македонец пронашол изгубено девојче во Неа Флогита
-
Нови пријави за оштетени автомобили и поплавени објекти во Скопје
-
Прва седница на Владата, ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии
-
Најмногу дожд изминатото деноноќие наврнал во Куманово