Живот
27. јуни 2016 - 18:59

Реми Гелар отиде по нови авантури на плажа

Еден од најпопуларните светски пранкстери Реми Гелар, кој со години прибира милиони прегледи на неговите видеа на интернет, се потруди уште еднаш да ги засмее неговите обожаватели.

Со доаѓањето на летото популарниот Французин отиде на плажа и во негов стил направи тоатален неред.

Освен што успешно натера неколкумина да скокнат во морето и непознати луѓе полеа со вода, успеа и накратко да украде еден глисер и „се спои“ со млаз пиво.

Притоа тој налути голем број луѓе, но и усоешно ги насмеа неговите обожаватели.